Политика за приватност
МАКДЕЛ ДОО Скопје
Грижата за корисниците и нивната приватност претставува еден од приоритетите во нашата компанија.
Оваа политика објаснува кои видови податоци може да ги собереме и обработуваме при посета на нашата веб-страница, како и на кој начин се користат тие податоци и со кого се споделуваат. Исто така, политиката ве упатува на кој начин може да нè контактирате доколку имате прашања или сте загрижени за овие информации.
Податоци кои ги собира нашата компанија при посета на веб-страницата:
- Технички податоци за вашата посета на веб-страницата, како што е вашата IP адреса, домен, уред или поставување на апликацијата, грешките и активноста на хардверот.
- Податоци кои не се лични. Податоци за содржината која ја гледате и со која ракувате и кои се однесуваат на софтверот за интернет-пребарувачот, кои содржини ги кликате, кои производи и услуги ги посетувате, типот на работна станица, како и технички информации за конекцијата што корисникот ја користи при посета на страницата, како што се оперативниот систем и испорачувачот на интернет услугата и други информации од оваа природа.
- Податоци со кои Вие се идентификувате и кои доброволно ќе ни ги доставите со користење на контакт информациите објавени на нашата веб страница. Корисничките податоци кои нашата компанија ги добива од посетителите на веб страницата вообичаено вклучуваат: име/презиме, титула, адреса, е-маил адреса, телефонски/факс број, како и било која друга информација која посетителите ќе ја достават по пат на е-маил или како прилог кон истиот.
Колачиња - „Cookies“
Во одредени случаи ќе запишеме информации во форма на колачиња на вашата работна станица, со цел да ја прилагодиме посетата на веб страницата според вашите потреби и навики. Колачиња се мали датотеки кои се внесуваат на работната станица на корисникот од страна на веб серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на колачињата се користат само за потребите на веб услугата и тоа на начин на кој вашата приватност не е загрозена. При вашата посета на нашата веб страница не вршиме прибирање на ваши лични податоци, освен во случаи кога вие доброволно ќе ги дадете овие информации.
Колаче е мал сегмент од податоци што веб-страницата може да ги испрати до прелистувачот на работната станица на посетителот, така што таа ќе биде препознаена при следната посета. Колачињата му овозможуваат на нашиот веб-сервер да препознае работни станици, што пак, му овозможува на серверот да изврши превземање на страници побрзо отколку при првото пристапување. Сите информации кои се меморираат во рамките на колачињата можат да бидат искористени само за потребите на веб услугата и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена. Колачиња користиме заради креирање статистика за употребата на страницата од Интернет корисници со собирање и анализирање на податоци како што се: најпосетувани страници, време поминато од корисници на секоја страница, перформанси на страницата, итн. Со собирање и користење на вакви податоци, се надеваме дека ќе го подобриме квалитетот на сајтот.
Податоците за навигација на посетителите на веб страницата се собираат автоматски на нашите сервери. Доколку не сте согласни со ова, препорачуваме да не ја користите страницата. Посетителот исто така може да го постави прелистувачот да го блокира снимањето на колачиња на неговиот хард диск со цел да се минимизираат податоците кои ќе се соберат во врска со навигацијата на страницата. Прелистувачот може да се постави така што ќе го извести корисникот кога некое колаче е снимено на хард дискот на неговиот компјутер. Повеќето прелистувачи исто така можат да бидат поставени така што ќе го спречуваат снимањето на колачињата на работната станица. Сепак, за оптимална употреба на страницата, препорачуваме посетителите да не го блокираат снимањето на колачињата.
Податоците кои се собрани од нашите сервери и/или преку колачињата се поставени на вашата работна станица нема да се чуваат подолго отколку што е потребно за да се исполнат целите споменати погоре.
Сите компаниски сервери и компјутерски системи се заштитени од надворешни упади. Како резултат на тоа, сите податоци што се собираат за посетителите преку употреба на колачиња се заштитени од неовластен пристап.
Колачињата што се користат од оваа страница се активни само за време на посетата и не се чуваат на вашата работна станица откако ќе го затворите вашиот веб-прелистувач. Информациите генерирани од употреба на колачиња може да се соберат во збирна форма за да не може да се идентификува ниту една личност.
Кориснички податоци
Нашата компанија собира и обработува лични податоци кои посетителите доброволно ќе ни ги достават (кориснички податоци). Вообичаено, корисничките податоци се собираат со цел на посетителите да им се овозможи:
- да достават биографии неопходни за аплицирање за работна позиција;
- да не контактираат со барање за дополнителни информации;
- да не контактираат со барање за услуга;
Податоците за корисниците добиени со употреба на контакт информациите објавени на оваа веб страница се користат само за деловните потреби на нашата компанија, кои се во врска со барањето на посетителот. Овие податоци не се споделуваат со други лица освен доколку тоа не е наведено во оваа Политика на приватност или на друг начин експлицитно е соопштено на посетителот на страницата. Нашата политика е да ги ограничиме собраните информации само на минимално потребните информации неоходни за исполнување на барањето на посетителот на нашата страница односно да избегнеме прекумерно и непотребно собирање на податоци .
Нашата компанија нема да ги користи личните податоци собрани од нашата веб-страница за цели на директен маркетинг и достава на информативни материјали, освен во случаите кога посетителите изрично ќе се согласат со тоа.
Чување на податоците
Нашата компанија користи сертифицирани софтверски алатки и услуги во облак (cloud) за чување на податоците кои гарантираат високо ниво на безбедност на податоците и целосна усогласеност со македонското позитивно законодавство. Податоците се чуваат на територија на Европска унија обезбедени од секаков вид на надворешен или неовластен пристап и злоупотреба, во временски период неопходен за овозможување на целта за која податоците се иницијално собрани. Откако ќе се оствари таа цел, податоците ќе бидат трајно избришани;
Сигурност
Пристап до личните податоци на корисниците имаат само вработените во нашата компaнија кои се овластени и обучени за работа со ваков вид на податоци и кои се обврзани со посебни изјави на тајност и доверливост.
Не споделуваме податоци за вас и/или за вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:
- кога одредени активности во врска со обработката на лични податоци се пренесени на обработувачи врз основа на склучен договор со кој се уредуваат правата и обврските на договорните страни. Нашата компанија внимателно пристапува кон изборот на обработувачи кои обезбедуваат гаранција за примена на соодветни технички и организациски мерки во согласност со законски утврдените барања и со тоа обезбедува високо ниво на заштита на вашите права како субјекти на лични податоци.
- по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.
Пренос на податоци
Интернетот е глобално опкружување. Ако пристапувате на оваа веб-страница од локации надвор од територијата на Р.Северна Македонија, треба да бидете свесни дека е извршен пренос на вашите лични податоци надвор од јурисдикцијата на државата од која пристапувате на веб страната (јурисдикција на корисникот) и дека вашите податоци се обработуваат надвор од таа јурисдикција. Сите податоци испратени или поставени од корисниците може да бидат достапни во јурисдикција надвор од јурисдикцијата на корисникот.
Вашите лични податоци може да бидат пренесени во земја членка на Европската Унија, бидејќи нашата компанија користи услуги во облак (cloud) за чување на податоците и ангажира обработувачи со седиште во Европска Унија, со што се врши пренос на вашите податоци. Притоа преносот се врши со целосно почитување на одредбите за пренос на лични податоци важечки во јурисдикцијатa на Р. Северна Македонија.
Кои се вашите права?
Нашата компанија сака да се увери дека сте целосно свесни за сите ваши права во врска со заштитата на податоците:
- Право на пристап до личните податоци кои ние ги обработуваме;
- Право на промена, ажурирање и надополнување на личните податоци кои ние ги обработуваме;
- Право на бришење на личните податоци, доколку е применливо;
- Право на ограничување на обработката, под одредени услови.
- Право да се одбие понатамошната обработка на вашите лични податоци;
- Право на пренос на личните податоци;
Линкови
Оваа поликтика за приватност не се применува на другите веб страници до кои посетителите ќе пристапат со користење на линк од нашата страница. Посетителите треба да ја разгледаат политиката за приватност на секоја веб страница, пред да достават информации за себе преку кои може да бидат идентификувани.
Промени
Нашата компанија го задржува правото да ја менува или дополнува оваа политика во секое време, согласно потребите и барањата на позитивните прописи. Датумот на важност секогаш ќе биде прикажан на почетокот на политиката.
Согласност
Доколку посетителите и понатаму ја користат нашата веб-страница и ни доставуваат нивни лични податоци, вклучително и специјални категории на лични податоци, со употреба на контакт информациите или по пат на е-маил адресата објавена на веб-страницата, сметаме дека се согласуваат со обработката на личните податоци во согласност со оваа Политика за приватност. Доколку не сте согласни вашите лични податоци да се користат од наша страна на овој начин, не ни испраќајте ваши лични податоци.
Како да не контактирате
Доколку имате било какви прашања во врска со нашата Политика за приватност, вашите податоци кои ги собираме, чуваме и обработуваме или доколку сакате да употребите некое од вашите права за заштита на податоците, контактирајте не на info@makdel.mk.
